Човекови права

This document was uploaded by one of our users. The uploader already confirmed that they had the permission to publish it. If you are author/publisher or own the copyright of this documents, please report to us by using this DMCA report form.

Simply click on the Download Book button.

Yes, Book downloads on Ebookily are 100% Free.

Sometimes the book is free on Amazon As well, so go ahead and hit "Search on Amazon"

Целта на книгата со наслов Човекови права е да претставува едноставна алатка која на студентите на правните факултети и стручната јавност ќе им даде насоки во идентификувањето на суштинските елементи и карактеристики на човековите права во рамките на меѓународниот и националниот правен систем, како и на институционалната инфраструктура за нивна заштита на меѓународно ниво. Оттаму, оваа книга претставува една практична рамка која нуди помош на стручната јавност и на студентите во оваа област. Книгата се фокусира на обезбедување на вештини и знаења на идните правни практичари за повеќе права и принципи како што е: правото на живот, забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, правото на еднаквост и принципот на недискриминација, правото на слобода и безбедност, правото на правично судење, правото на приватен и семеен живот, дом и преписка, слободата на мисла, совест и религија, слободата на изразување, правото на глас и правото на правични и слободни избори, слободата на собир и здружување, слободата на движење како и постојниот систем на заштита на човековите права на универзално и регионално, (европско), ниво. Притоа, акцентот е ставен како на теоријата така и на практиката, посебно на судската практика на Европскиот суд за човекови права, Судот на правдата на Европската Унија и националната уставно-судска заштита. Тоа се должи на една едноставна причина дека крајната цел на меѓународната заштита на правата на човекот е нивно спроведување на национално ниво, како и справување со повредата на односното право вклучувајќи го и во нашето општество, со тоа што на жртвите на повредата на правата на човекот им се овозможува да ја бараат правдата преку соодветни и ефикасни правни лекови. За да се постигне оваа цел, идните правници и стручната јавност треба да располагаат со практични алатки и совети за примената на меѓународните стандарди во националното законодавство.

Author(s): Јован Ананиев, Беса Арифи, и др.
Publisher: ОБСЕ
Year: 2018

Language: Macedonian
Pages: 302
City: Скопје

ПРЕДГОВОР
РЕЦЕНЗИЈА НА УЧЕБНИКОТ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД ГРУПА АВТОРИ
ВОВЕД
1. Предмет и цел
2. Методолошки пристап
Прва глава: Системи на заштита на човековите права
1. Систем на заштита на човековите права на Организацијата на Oбединетите нации
1.1 Инструменти за заштита на човековите права во рамките на Обединетите нации
1.2 Механизми за заштита на човековите права во рамките на Обединетите нации
1.2.1 Тела формирани врз основа на Повелбата на Обединетите нации
1.2.2. Спроведување на меѓународните стандарди за човековите права преку договорните тела
1.2.3. Специјални процедури
1.2.4. Канцеларија на Високиот комесар за човекови права
1.2.5. Други органи и тела кои се вклучени во системот за промоција и заштита на човековите права
2. Систем на заштита на човековите права на Советот на Европа
2.1. Европска конвенција за човекови права и основни слободи
2.2 Тела на Советот на Европа одговорни за заштита и промоција на човековите права
2.2.1. Европски суд за човекови права
2.2.2. Оддел за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права
2.2.3. Главен комитет за човекови права
2.2.4. Европски комитет за превенција од мачење и нечовечно или понижувачко постапување или казнување (КПТ)
2.2.5. Комесар за човекови права
2.2.6. Европска комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ)
2.2.7. Европски комитет за социјални права
2.2.8. Група на експерти за акција против насилство врз жената и семејното насилство (GREVIO)
2.2.9. Ad hoc Комитет на експерти за правата на лицата со попреченост
2.2.10. Специјален претставник за миграции и бегалци
2.2.11. Советодавен комитет на Рамковната конвенција за заштита на правата на националните малцинства
2.2.12. Комитет на експерти на Европската повелба за малцински и регионални јазици
2.3. Постапка пред Европскиот суд за човекови права
3. Систем на заштита на човековите права на Европската Унија
3.1. Повелба за фундаментални права на Европската Унија
3.2. Институционална структура за заштита на човековите права
3.2.1. Европски парламент
3.2.2. Европски совет
3.2.3. Европска комисија
3.2.4. Суд на правдата на Европската Унија
3.2.5. Агенција за фундаментални права (ФРА)
3.2.6. Европски омбудсман
4. Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)
4.1. Канцеларија за демократски институции и човекови права
4.2. Висок комесар за национални малцинства
4.3. Претставник за слобода на медиумите
5. Резиме
Втора глава: Право на живот
1. Поим на правото на живот
2. Конститутивни елементи на правото на живот
3. Суштински и процедурални аспекти на правото на живот
3.1. Суштински аспекти на правото на живот
3.2. Процедурални аспекти на правото на живот
3.2.1. Заштитата на правото на живот при употреба на сила од страна на државните органи
3.2.2. Други аспекти на заштита на правото на живот
4. Пристапи при разгледувањето на правото на живот преку судска практика
4.1. Суштински прашања
4.1.1. Почеток на животот
4.1.2. Завршување на животот
4.1.3. Смртна казна
4.2. Исклучоци од членот 2 на ЕКЧП: дозволена употреба на апсолутно неопходна сила од страна на државните органи
4.2.1. Неопходност
4.2.2. Пропорционалност
4.3. Позитивни и процедурални обврски за заштита на правото на живот
4.4. Случаи кои се однесуваат на државата во врска со членот 3 на ЕКЧП
5. Предизвици при разгледувањето
6. Системи на заштита и институционална рамка
7. Резиме
Трета глава: Забрана на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
1. Поим за забрана за мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
2. Конститутивни елементи на забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
2.1 Тортура односно мачење
2.2 Нечовечно или понижувачко постапување или казнување
2.3. Постапување наспроти казнување
2.4. Апсолутната забрана во однос на членот 3 на ЕКЧП
3. Суштински и процедурални аспекти на забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
3.1 Суштински аспекти на забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
3.2. Процедурални аспекти на забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
4. Пристапи при разгледувањето на забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување (судска практика)
4.1 Водечки случаи на ЕСЧП во врска со забраната на мачење
4.2. Случаи кои се однесуваат на државата во врска со членот 3 на ЕКЧП
5. Предизвици при разгледувањето
6. Системи на заштита и институционална рамка
7. Резиме
Четврта глава: Право на еднаквост и заштита од дискриминација
1. Концепт на еднаквост и заштита од дискриминација
1.1 Концептот на еднаквост
1.2. Концептот на заштита од дискриминација
2. Стереотипи и предрасуди
3. Заштита од дискриминација во меѓународното право
3.1. Заштитата од дискриминација во системот на ООН
3.1.1. Универзалните инструменти за човекови права
3.2. Заштита од дискриминација во системот на Советот на Европа
3.2.1. Европската конвенција за човекови права
3.2.2. Европска социјална повелба
3.2.3. Рамковна конвенција за националните малцинства
3.3. Заштита од дискриминација во системот на Европската Унија
4. Облици на дискриминација
4.1. Директна дискриминација
4.1.1. Оправдување на директната дискриминација
4.2. Индиректна дискриминација
4.2.1. Оправдување на индиректната дискриминација
4.3. Вознемирување
4.4. Инструкција за дискриминација
4.5. Соодветно приспособување
4.6. Сегрегација
4.7. Виктимизација
5. Резиме
Петта глава: Право на слобода и безбедност
1. Поим на правото на слобода и безбедност
2. Конститутивни елементи на правото на слобода и безбедност
2.1. Презумција на слободата
2.2. Законитост во постапувањето
3. Цел на заштитата на правото на слобода и безбедност
4. Исклучоци од забраната за лишување од слобода
4.1. Притвор по пресуда на надлежен суд - член 5 став 1 (а)
4.2. Притвор за непочитување на судска одлука или обврска пропишана со закон - член 5 став 1 (б)
4.3. Притвор по сомнение за извршено кривично дело - член 5 став 1 (в)
4.4. Притвор на малолетно лице - член 5 став 1 (г)
4.5. Притвор од медицински или социјални причини - член 5 став 1 (д)
4.6. Апсење или притвор на странец - член 5 став 1 (ѓ)
5. Гаранции за правата на лицата лишени од слобода
5.1. Правото уапсениот да се извести за причините за обвиненијата (член 5 став 2)
5.2. Право лицето неодложно веднаш да биде изведен пред судија или друго судско лице - член 5 став 3
5.2.2 Право на разумно траење на притворот - член 5 став 3
6. Habeas Corpus - член 5 став 4
7. Право на обесштетување - член 5 став 5
8. Случаи кои се однесуваат на државата во врска со членот 5 на ЕКЧП
8.1. Случајот Лазороски - прва пресуда за правото на слобода и безбедност
8.2. Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа и повреда на правото на слобода и безбедност
8.3. Повреда на принципот на еднаквост на оружјата и отсуството на усно сослушување при определување мерка притвор
8.4. Индивидуалниот пристап кон образложенијата за притворот
8.5. Случајот Ел Масри и повреди на правото на слобода и безбедност
9. Резиме
Шеста глава: Право на правично судење
1. Поим на правото на правично судење
1.1. Стандарди во примената на членот 6 на ЕКЧП
1.2. Концептот на „граѓански права и обврски“
1.3. Концептот на кривично обвинение
2. Елементи на правото на правично судење
3. Принципот на презумција на невиност
4. Основните гаранции од членот 6 став 3
5. Правото на судење во разумен рок
6. Еднаквост на оружјата
7. Право на одбраната на сослушување на сведоците на обвинението
8. Образложени судски одлуки и конзистентност во одлучувањето како предуслови за правично судење
9. Принципот на супсидијарност во врска со правичното судење
10. Резиме
Седма глава: Право на почитување на приватен и семеен живот
1. Основни поими
1.1. Дали вмешувањето било предвидено со закон
1.2. Легитимна цел
1.3. Дали вмешувањето било неопходно во едно демократско општество
2. Право на почитување на приватниот живот
3. Право на почитување на семејниот живот
4. Право на почитување на домот
4.1. Член 8 и заштитата на животната средина
5. Право на почитување на преписката
5.1. Член 8 и современите технологии на следење на комуникациите
6. Членот 8 и здравствената состојба
7. Домашна регулатива
8. Случаи кои се однесуваат на државата во врска со членот 8 на ЕКЧП
9. Резиме
Осма глава: Слобода на мисла, совест и религија
1. Поим на слободата на мисла, совест и религија
2. Конститутивни елементи на слободата на мисла, совест и религија
2.1. Слободата на вероисповед како индивидуално право
2.2. Правото да се поседува уверување и правото тоа да се манифестира
2.3. Лица заштитени со ова право
2.4. Неутралност од страна на државата
2.5. Заштита на верските чувства
2.6. Приговор на совеста при служење на воениот рок
2.7. Процена на оправданите вмешувања
3. Комплементарност на членот 9 со други членови од Конвенцијата
4. Пречки при манифестација на верското уверување
5. Употреба на верски симболи
6. Регистрација на верските субјекти
7. Религиозни облеки
8. Примери на неосновани апликации
9. Домашна уставна и законска правна рамка
9.1. Уставно-судска практика
10. Резиме
Деветта глава: Слобода на изразување
1. Поим на слободата на изразување
2. Улогата на државата во врска со почитувањето на слободата на изразување
3. Поврзаност на членот 10 со другите слободи и права од Конвенцијата
4. Релевантни предуслови за тестот на балансирање
5. Слобода на изразување преку факти и вредносни оцени
6. Видливоста на слободата на изразување
6.1. Слободата на изразување низ политичкиот живот
6.2. Уметноста како форма на видливост на слободата на изразување
6.3. Слободата на изразување на граѓанските здруженија
7. Слободата на новинарското изразување
8. Новите технологии и слободата на изразување
9. Пристап до информации
10. Ограничување на слободата на изразување
11. Слободата на изразување и предметите за клевета
12. Ограничување на слободата на изразување и говорот на омраза
13. Строгоста на изречената мерка за ограничување на слободата на изразување
14. Селмани и другите во врска со новинарската слобода на изразување во национален контекст
15. Резиме
Десетта глава: Право на глас и право на правични и слободни избори
1. Суштина на изборите
2. Суштина на гласачкото право
2.1. Карактеристики на правото на глас
3. Ограничување на гласачкото право
4. Меѓународни стандарди за заштита на правото на глас
5. Правото на глас на одредени ранливи групи на граѓани
5.1. Национални и расни малцинства
5.2. Правото на глас на жените
5.3. Право на глас на лицата со попреченост
6. Резиме
Единаесетта глава: Слобода на собир и здружување
1. Поим на слободата на собир и здружување
2. Меѓународни документи кои го гарантираат правото
3. Слободата на здружување - поим
4. Слобода на мирно собирање - поим
5. Процена на оправданите вмешувања
5.1. Пробивот во толкувањето на правото на здружување од страна на ЕСЧП
5.2. Слобода на здружување – примери од практиката
5.3. Слобода на мирно собирање - примери од практиката
6. Домашна уставна и законска правна рамка
6.1. Уставно-судска практика за слободата на собирање
6.2. Уставно-судска практика за слободата на здружување
7. Синдикалното организирање низ јуриспруденцијата на ЕСЧП
8. Резиме
Дванаесетта глава: Слобода на движење
1. Поим на слободата на движење
2. Меѓународни документи кои го гарантираат правото на слобода на движење
3. Право на слобода на движење - примери од практиката
3.1. Слобода на движење во рамките на територијата на државата
3.1.1 Случаи на дистинкција помеѓу членот 5 и членот 2 Протокол број 4
3.2. Слобода да се напушти територијата на државата
4. Домашна уставна и законска правна рамка
4.1. Уставно-судска практика
5. Резиме
БИБЛИОГРАФИЈА