Меѓународно казнено право

This document was uploaded by one of our users. The uploader already confirmed that they had the permission to publish it. If you are author/publisher or own the copyright of this documents, please report to us by using this DMCA report form.

Simply click on the Download Book button.

Yes, Book downloads on Ebookily are 100% Free.

Sometimes the book is free on Amazon As well, so go ahead and hit "Search on Amazon"

Учебникот „Меѓународно казнено право“ методолошки е одлично приспособен за совладување на испитната материја и за постепено совладување на предметната програма на предметите Меѓународно казнено право и Европско казнено право. Студентите ќе имаат можност да се здобијат со богати теоретски знаења во сите аспекти на меѓународното казнено право и на меѓународната соработка во кривичната материја во овој учебник. Учебникот е наменет и според содржината одговара и може да се користи како дел од задолжителната литература за втор циклус на студии по предметите Европско казнено право и Меѓународно казнено право. Учебникот во голема мера има за цел да го олесни на студентите совладувањето на сложената материја од областа на меѓународното казнено право, но и да ги упати кон голем број дополнителни библиографски единици од истата област со чија помош ќе можат да ги прошират, да ги продлабочат и да ги унапредат своите знаења и вештини што се неопходни во областа на меѓународната правна помош и соработка во кривичната материја. Сметаме дека учебникот ќе биде корисен особено за студентите на прв и втор циклус на студии и целата академска заедница, но содржините се интересни и за правните практичари и сите останати субјекти кои имаат интерес во оваа проблематика. Појдовна инспирација за пишувањето на овој учебник е фактот што во домашната правна литература и помеѓу академските учебници нема современ учебник по предметот Меѓународно казнено право кој ја опфаќа целата национална и меѓународна легислатива. На издавањето на овој учебник му претходеа најголемите измени на материјата која е предмет на негово изучување, меѓу кои ќе ги вброиме конституирањето на Постојаниот Меѓународен кривичен суд, конституирањето на Европол, Европравда, новата легислатива за азил и меѓународна правна соработка, конституирањето на Европскиот Јавен Обвинител итн. Оттука, од големо значење е објавувањето на учебникот „Меѓународно казнено право“ бидејќи за првпат со него се систематизира материјата во една целина која соодветствува со наставната програма и потребите од изучување на овој предмет.

Author(s): Олга Кошевалиска, Елена Максимова
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев"
Year: 2020

Language: Macedonian
Pages: 350
City: Штип