Европска унија: право и политики

This document was uploaded by one of our users. The uploader already confirmed that they had the permission to publish it. If you are author/publisher or own the copyright of this documents, please report to us by using this DMCA report form.

Simply click on the Download Book button.

Yes, Book downloads on Ebookily are 100% Free.

Sometimes the book is free on Amazon As well, so go ahead and hit "Search on Amazon"

Збирката со наслов Европска унија: право и политики претставува плод од научноистражувачката работа на вкупно дванаесет автори кои доаѓаат од различни научни сфери и подрачја, но она што ги обедини сите нив беше предзнакот ‘европски’, било да станува збор за политика било да станува збор за право. Иако, ‘европски’ не значи дека по секоја цена европското е најдобро, сепак стремежот да се достигнат оние вредности заради кои впрочем постои и самата Европска унија, беа дополнителен мотив за учесниците во збриката да дадат свој значаен придонес. Во овој контекст мора да се напомене дека авторите несебично го дадоа својот придонес, и покрај фактот што збирката не беше финансиски поддржана. Збирката содржи ракописи од вкупно единаесет различни подрачја од Европското право и политики во кои се обработуваат како правни така и политички прашања. Таа е систематизирана согласно определена структура и содржина на начин што ги поедноставува концептите и ја доближува содржината до пошироката јавност. Таа има еден унифициран пристап на изработка на секое поединечно поглавје, што вклучува воведни аспекти во кои се елаборира конкретното европско право и политика кое е предмет на обработка; потоа преку хиерархиски пристап на изворите на правото на Европската унија се разработуваат за секое поглавје засебно примарното и секундарното право; се наведува богатата практика на Судот на правдата на Европската унија; се изведува заклучок; и на крај се поставуваат одреден број на прашања врз основа на кои се насочува читателот да извлече поука од најбитните содржини во поглавјата. Освен тоа, секое поглавје вклучува користена литература, која може да му послужи на читателот за продлабочување во материјата. Со други зборови, концептот на секое поединечно поглавје вклучува теориски и практични аспекти на проблематиката што се обработува и содржи прашања за проверка на знаењето. И покрај тоа што збирката содржи текстови наменети за академскаата и стручната заедница на правници, политиколози, економисти, практичари и студенти, сепак самата структура овозможува истата да биде разбирлива и за други категории на читателска јавност. Така, при определување на редоследот на поглавјата земени се предвид темите на обработка, при што на читателот му е оставена можноста да започне со поопштитете аспекти на материјата, па сè до специфичностите од областа на јавното и приватното право од европскиот домен.

Author(s): Ана Никодиновска Крстевска, Борка Тушевска Гавриловиќ, Олга Кошевалиска (уред.)
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев"
Year: 2019

Language: Macedonian
Pages: 342
City: Штип

КРАТКА БИОГРАФИЈА ЗА АВТОРИTE ................................................... 5
ПРЕДГОВОР ............................................................... ...................... 9
Трајче Стојанов
EUROPA - QUO VADIS? -
ПРИЛОГ КОН ИСТОРИЈАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА ЕВРОПА ..................... 1 5
Наталија Шикова
ТЕОРИИ ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА .............................................. 4 1
Светлана Јакимовска
ЈАЗИЧНА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА .................................... 6 3
Ненад Гавриловиќ
ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ............................................................... ... 7 7
Борка Тушевска Гавриловиќ
ЕВРОПСКО ДОГОВОРНО ПРАВО ....................................................... 129
Марија Амповска
ЕВРОПСКО ОТШТЕТНО ПРАВО ........................................................ 153
Јадранка Денкова
АДМИНИСТРАТИВНО ПРАВО НА ЗЕМЈИТЕ
ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ............................................................... . . 175
Андон Мајхошев и Војо Беловски
ЕВРОПСКО ТРУДОВО ПРАВО И ИНДУСТРИСКИТЕ ОДНОСИ
ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ............................................................... . . 215
Жанета Попоска
СИСТЕМИ НА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ............................................................... . . 265
Ана Никодиновска Крстевска
НАДВОРЕШНА ПОЛИТКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ............................. 295
Дејан Маролов
ПОЛИТИКА НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА .................... 323