Темата на овој труд, како што се гледа и од неговиот наслов, е граѓанско–правната одговорност за причинета штета. Овој израз најчесто се употребува за означување на обврската за надомест на причинета штета и како таков познат им е и на најстарите правни извори. За старите правни поредоци карактеристично е што во нив наоѓаме случаи на колективна одговорност на семејството и случаи на одговорност уредени според начелото на талион. Дури и римското право, во кое материјата за договорите е извонредно развиена, не покажува ист степен на усовршеност на материјата за надомест на штета. Овој институт, без разлика што потекнува од најстарите правни извори, сéуште се јавува како нецелосно изграден односно нецелосно уреден и недоволно развиен институт. Од друга страна, бројот на облигациони односи настанати со причинување на штета, историски гледано, покажува тенденција на пораст, што од своја страна го поставува барањето: граѓанско–правната одговорност како обврска за надомест на причинетата штета да биде јасно, недвосмилено и целосно уредена.
Денеска, во однос на овој институт во правната теорија постои подвоеност на правните теоретичари. Некои правни теоретичари сметаат дека граѓанско–правната одговорност е единствена институција ( теорија за единственост на граѓанско–правната одговорност ), а други прават строга разлика помеѓу два посебни видови на одговорност, односно два суштински различни институти: деликтна (вондоговорна) одговорност и договорна одговорност за причинета штета (дуалистичка теорија за граѓанско–правната одговорност за причинета штета).
Според авторот на овој труд од анализата на местото на граѓанско-правната одговорност и анализата на содржината на нормите кои ја сочинуваат граѓанско-правната одговорност во старите и современите правни системи како и во меѓународните правните извори произлегува единственост на овој институт.
Трудот претставува приказ на неговите карактеристики, неговата динамичност или статичност во текот на историскиот развој, како и тенденциите во неговиот развој.
Author(s): Марија Амповска
Publisher: Тringа design
Year: 2015
Language: Macedonian
Pages: 165
City: Тетово
Tags: штета; граѓанска одговорност; граѓанско-правна одговорност; правен институт; закон; јуриспруденција; право; граѓанско право; облигационото право; римско право;
ВОВЕД.........................................................................................................................5
ГЛАВА ПРВА
Општи претпоставки потребни за граѓанско-правна одговорност за
причинета штета.......................................................................................................9
1. Поим на граѓанско-правна одговорност...........................................................9
2. Општо за претпоставки за постоење на граѓанскоправна одговорност за
причинета штета......................................................................................................13
2.1. Штета..............................................................................................................16
2.1.1 Видови штета..............................................................................................20
2.2. Противправно дејствие.................................................................................22
2.3. Причинско – последична врска (каузалитет).............................................25
3. Заклучок..............................................................................................................28
ГЛАВА ВТОРА
Историски развој на граѓанско-правната одговорност ..................................30
1. Општи разгледувања..........................................................................................30
2. Местото на граѓанско-правната одговорност во Стариот век , со посебен
осврт на римското право.......................................................................................31
2.1. Местото на граѓанско-правната одговорност во римското право..............35
2.1.1. Обврската која произлегувала од причинување на штета во рамки на
постоечки облигационен однос................................................................................37
2.1.2. Најзначајни деликти и квазиделикти во римското право..........................44
а) Деликти од старото римско право...................................................................46
б) Деликти воведени од страна на римските претори, односно деликти од
хонорарното право.....................................................................................................51
в) Квазиделикти.....................................................................................................55
2.1.3. Развоен пат на санкциите за деликти, односно за недопуштени
дејствија.......................................................................................................................57
2. 2. Историја на римското право по пропаста на римскaта држава ..................58
3. Местото на граѓанско-правната одговорност во Средниот век................59
4. Заклучок..............................................................................................................63
ГЛАВА ТРЕТА
Граѓанско-правната одговорност во современите кодификации и во англо-
американскиот правен систем во новиот век.....................................................66
Вовед...........................................................................................................................66
1. Граѓанско – правната одговорност според Францускиот граѓански
законик.......................................................................................................................69
2. Граѓанско – правната одговорност според Германски граѓански
законик.......................................................................................................................74
3. Граѓанско – правната одговорност според Австрискиот граѓански
законик.......................................................................................................................82
4. Граѓанско – правната одговорност во Англо – американско право..........84
5. Останати современи граѓански законици ......................................................86
5.1. Граѓанско – правната одговорност во Италијански граѓански законик......87
5.2. Граѓанско – правната одговорност во Швајцарскиот граѓански законик ...89
5.3. Граѓанско – правната одговорност во Холандски Граѓански законик.......93
5.4. Граѓанско – правната одговорност во Граѓански законик на Руската
федерација..................................................................................................................97
6. Заклучок.............................................................................................................100
ГЛАВА ЧЕТВРТА
Граѓанско – правната одговорност за причинета штета во меѓународните
правни акти и модели............................................................................................103
Вовед.........................................................................................................................103
1. Граѓанско – правната одговорност во Виенската конвенција за
меѓународна продажба на стоки од 1980............................................................104
2. Граѓанско – правната одговорност во Принципите на UNIDROIT за
меѓународни трговски договори и во Принципите на европското договорно
право .......................................................................................................................107
2.1. Прашања кои се изрично уредени во CISG, а решенијата за нив се
потврдени (реафирмирани) и во UPICC и PECL.................................................109
2.2. Прашања кои се уредени во CISG, но не изрично и целосно, за кои правната
теорија наоѓа начини на кои UPICC и PECL обезбедуваат подршка при
интерпретацијата на одредбите од CISG .............................................................111
2.3. Прашања кои не се уредени во CISG, во UPICC и PECL...........................114
3. Граѓанско – правната одговорност во Принципи на Европското
отштетно право.....................................................................................................115
4. Заклучок.............................................................................................................120
ГЛАВА ПЕТТА
Граѓанско-правна одговорност во македонското објективно право..........122
Вовед........................................................................................................................122
1. Граѓанско-правната одговорност за причинета штета во рамките на
правото кое се применувало на југословенските простори во 19 ти и 20 ти
век............................................................................................................................123
2. Граѓанско-правната одговорност за причинета штета во
македонското објективно право во периодот од донесување на Законот за
неважност на правните прописи донесени пред 6 април 1941 година и за
време на непријателската окупација до донесување на Законот за
облигациони односи во 1978 година...................................................................128
3. Граѓанско – правната одговорност во македонското објективно
право во периодот од донесувањето на Законот за облигациони односи од
1978 година до донесувањето на Законот за облигациони односи од 2001
година.......................................................................................................................133
4. Граѓанско-правната одговорност во македонското позитивно
право.........................................................................................................................134
4. 1. Претпоставки за настанување на облигационен однос со причинување на
штета.........................................................................................................................139
4. 2. Страни на облигационите односи настанати со причинување на
штета.........................................................................................................................140
4. 3. Предмет (објект) на облигационите односи со причинување на
штета.........................................................................................................................144
4. 4. Облигационо-правен факт (извор на облигациите)....................................145
5. Заклучок.............................................................................................................153
Завршни согледувања..........................................................................................155
Преглед на користена литература
Рецензија