Организираниот криминалитет и корупцијата како транснационална закана, добиваат своја тежина низ годините, со сѐ поголемите миграции на народите и зголемувањето на прекуграничната соработка. Перманентното следење на појавата, и нејзиното развивање во понови појавни облици, modus operandi, профилирањето на сторителите, анализата на нивните побуди, се стартна основа за запознавање со материјата и нејзино продлабочување. Борбата против транснационалниот организиран криминалитет и корупцијата условува здружување и унификација меѓу државите, затоа е нужно да ја запознаеме истата, пред сѐ од правен аспект, од аспект на актите што се носат, нивните цели, и обврските што ги наметнуваат за потписничките. Фрапантниот развој на овој криминалитет, воопшто не е за потценување. Затоа, круцијално за секој иден правник е да се запознае со неговото поимно определување, неговите манифестирања во реалноста и со динамиките на спроведување.
Свртувањето кон домашната борба против транснационалниот организиран криминалитет и корупцијата, и активностите на националните тела во оваа насока, треба да се разгледува низ призмата на поголемото добро. Преку нивната анализа, истовремено со нејзино компарирање регионално и меѓународно, најдобро можеме да создадеме конструктивна правна критика за натамошна поефективна и навремена борба.
Подготвеното учебно помагало е наменето, пред сѐ, за студентите од првиот циклус на студии на правните науки, но исто така може да послужи и за студентите од вториот циклус на студии кои се насочени кон совладување на кривичноправната и меѓународната правна област.
Author(s): Олга Кошевалиска, Елена Максимова
Publisher: Универзитет "Гоце Делчев"
Year: 2018
Language: Macedonian
City: Штип
Tags: право; кривично право; правни науки; меѓународно право;