Razgovori so Koneski / Разговори со Конески

This document was uploaded by one of our users. The uploader already confirmed that they had the permission to publish it. If you are author/publisher or own the copyright of this documents, please report to us by using this DMCA report form.

Simply click on the Download Book button.

Yes, Book downloads on Ebookily are 100% Free.

Sometimes the book is free on Amazon As well, so go ahead and hit "Search on Amazon"

УВОД ВО РАЗГОВОРИТЕ Река се запознава со пливање, а човек низ разговор. Корејска народна поговорка На седми февруари 1985 година му ја соопштив својата идеја на Блаже Конески да пристапиме кон разговори, од кои би можело, евентуално, да се подготви книга. Добивајќи ја неговата согласност, по неколку дена му поднесов нешто како план за нашите идни разговори, кој не ми беше тешко да го направам, бидејќи, како што му реков, ги познавав скоро сите негови научни трудови и сите објавени книги во областа на уметничката литература. Мора да признам дека Блаже Конески беше изненаден од оваа моја идеја, а јас пак израдуван од готовноста што ја прифаќа, бидејќи од една страна остварувањето на еден ваков концепт подразбира и не мал напор за интервјуираниот, а од друга страна, зашто ми е познато оти неговата природа не е склона кон бучен публицитет. Се разбира,овој проект немаше таква намера и, секако, на тоа се должеше и неговото прифаќање. Разговорите ги водевме од 1985 до 1990 година во повеќе наврати, како што е впрочем означено во самата книга, договарани според расположливото време. Уште во студентските денови се воодушевувавме од разговорите на Екерман со Гете, а непосредно пред оваа замисла ми дојде до рака книгата разговори на Ричард Бер5гин со Борхес, која ми направи силен впечаток и ме поттикна да размислувам за една таква книга во нашата средина. Мојот прв избор падна на Блаже Конески. Причината за ова беше, пред се, длабоката симпатија спрема овој човек и неговото научно и литературно дело. Може слободно да се рече дека мојата генерација одгледуваше уште од почеток еден култ кон личноста и творештвото на Блаже Конески. Во што се состоеше таа негова магична привлечност? Можеби и првата искра на идејата за овие разговори е запалена од таа љубопитност. Учениците и студентите во текот на школувањето контактираат со повеќе свои учители и професори. Но, потоа, во текот на животот, тие создаваат во својата претстава една градација на нивните вредности. Ние не требаше да чекаме на некаква дистанца за да ја оформиме нашата претстава за својот професор и љубим поет Блаже Конески. Зад катедрата застануваше тој снизок човек, само за десетина години повозрасен од нас, а со толку познавања од областа на јазикот и со толкава систематичност, јасност и привлечност во излагањето. Оформувањето на претставата за него и избликот на простосрдечни симпатии се темелеа и врз она што тој го создаваше во науката и во поезијата. И во двете области, уште од почеток, се гледаше зрелоста негова, ретката трудољубивост и искрениот пристап, необичната јасност и посебниот агол на разместување на своите гледишта и уверувања, на своите доживувања и отскривања. Во подоцнежните песни и есеи Блаже Конески ги отскрива методите со кои се служи во својата научна лабораторија, но и импулсите со кои се храни и поттикнува неговата имагинација. Повод за разговориве не е само новинарското професионално интересирање. Бев свесен дека станува збор, пред се, за една посебна почит, која зрнце по зрнце, капка по капка, се таложела со години во аурата околу ликот и стаменото творештво на Конески, во годините кога сме имале можност да го гледаме, да го слушаме и читаме, да го прифаќаме како дел од себеси. За творештвото на Блаже Конески е пишувано многу, а верувам дека и во иднина ќе се пишува, зашто во него се откриваат, синтетизираат и опеваат магистралните теми на егзистенцијата на нашата средина и на нашиот човек од минатото и сегашнината. Овие разговори се замислени да бидат надополнување на претставата кај поширокиот круг љубопитници за човекот и творецот кој има несомнена градителска улога на патот на нашето еманципирање во национална, културна и духовна смисла. Во својата поезија Конески му дава првостепено значење на спонтаниот импулс. Поддржувајќи го ова негово стојалиште, а имајќи ја предвид и формата разговор, која достигнува високи креативни дострели кога се здобива со природен, спонтан тек, се трудевме разговориве, и покрај обмисленоста на покрупниот план да течат неизнасилено и необременети од некоја официјална интонација. А тоа и не беше многу тешко, зашто Блаже Конески е еден ретко надарен соговорник и раскажувач, што за мене не претставуваше некое откритие, но една можност повеќе за ново, извонредно задоволство. Од тие причини по некогаш беше недолично да се прекинува во раскажувањето, да се уфрлаат по секоја цена потпрашања. Беше оставено да тече неговата мисла, како што течат и неговите песни, раскази, есеи и јавните ненапишани искажувања по разни поводи. Јасно, како и во секој разговор, и тука на преден план доаѓа импресијата, оној емотивен, мисловен и информациски набој што останал меѓу пластовите време од детството, од младоста, од животот и кој во моментот на кажувањето се искажува така како што умее да се искажува непосредно една надарена и обучена личност. Во разговориве често се зафаќаат и теми за кои можеби поверодостојни се Блажевите кажувања низ поезијата, низ есејот и низ прилозите за јазикот и за културната историја. Но, и овде искажани и протолкувани тие спомогнуваат да се здогледа континуитетот на наумниот зафат и непрестајниот напон на движечката енергија во поезијата и во другите жанрови. Со доза на лежерност, во форма што не обврзува на стопроцентна прецизност, низ повдигнат тон или со насмевка, Блаже Конески се искажува и прецизно и духовито и привлечно. Намерата и беше таква, овие разговори да го привлечат вниманието пред се на оние многубројни негови читатели и обожаватели, што немале можност за посистематичен увид во целокупната животна одисеја на нашиот прв стручњак за јазикот и на нашиот неуморен творец, кому високите врвови на образованието и длабоките подземни корени на традицијата му се единствено стебло, што убаво и личи на нашата почва. Ако оваа книга разговори во извесна смисла претставува автопортрет на Блаже Конески, таа е далеку од секаква нарцисоидност, присушта на духовните творци. Во ова не уверуваат многуте моменти од искажувањата на Конески. Другата страна на тој автопортрет или органска составка во неговиот релјеф, е и портретот на нашиот духовен пат, на нашите духовни состојби, за кои Конески има силни опсервации, за кои е исполнет со восхит, а за кои понекогаш ќе употреби и збор на укор, но тоа го прави секогаш со нему својствената широка насмевка. Без навреда, без ронка злоба, без капка одмазда Блаже Конески верува во вредностите што ги носи комуницирањето меѓу луѓето. Затоа е таков. „Комуницирањето за човека е како водата за рибата - вели тој. - Човек не може да живее без да стапува во контакт со другите луѓе. Многу е тешко за човека да биде осамен. Осамата е, можеби, една од најголемите несреќи на современото општество. Бидејќи е така, потребата на човека да комуницира е трајна”. И отаде овие дијалози, зашто „монологот не суштествува. Монологот е измислена работа”, како што ќе рече Конески во една своја песна. Јасно, со публикувањето на разговориве комуницирањето и дијалозите ќе се прошират. Покрај другото и тоа е една нивна смисла. И уште ако при тоа читателот го почуствувал задоволството што одново се сретнал со еден редок човек што носел големи тежини, а секогаш бил ведар и стремел напред. Прифаќајќи ја мислата на Монтењ дека е потешко толкувањето на толкувањето, одошто толкувањето на предметите, им оставаме можност на читателите да го продолжат чинот на толкување на толкувањето, со надеж дека поединечното искуство може да придонесе за искуство на поголем број луѓе. На крајот, му ја искажувам својата длабока благодарност на Блаже Конески, за која, верувам, ќе најдам поткрепа и од читателите, за неговиот целокупен ангажман околу реализирањето на овие разговори и нивното појавување во облик на книга Цане АНДРЕЕВСКИ

Author(s): Cane Andreevski; Blaže Koneski; Цане Андреевски; Блаже Конески
Publisher: Kultura/Култура
Year: 1992

Language: Macedonian
Pages: 461 p. ;
City: Skopje/Скопје

С О Д Р Ж И Н А
Цане Андреевски УВОД ВО РАЗГОВОРИТЕ ---------------------------------------------------------------------- 5

I Сеќавање за најраното детство...
Семејното стебло...------------------------------------------------------------------------------------- 11

II Тргнување на училиште...
Први објавени песни...----------------------------------------------------------------------------------- 41

III Запишување на медицина во Белград и префрлање на славистика...
„ Прилепскиот говор ” - труд од студентските години ... —------------------------------------------------ 85

IV На студии во Софија ...
Литературно читање на македонски поети ...-------------------------------------------------------------- 110

V 1944 година во Горно Врановци...
За меките консонанти и темниот вокал ...-----------------------------------------------------------------131

VI Учество во формирањето на Филозофскиот факултет во Скопје...
Акција за научни контакти со светот ...----------------------------------------------------------------- 172

VII Во почетокот - доминантност на социјалната тема..
Поезијата ја дели човековата судбина...-----------------------------------------------------------------------------------------------210

VIII „Како ги подготвувам збирките поезија”...
Против дивинирањето на поетот...------------------------------------------------------------------------ 231

IX И поетскиот занает да не се загуби...
Поезијата не е зададена тема, таа е внатрешен проблем...------------------------------------------------ 254

X Настанувањето на циклусот за Марко Крале...
Враќање кон изворната традиција на секуларните
житија...------------------------------------------------------------------------------------------------285

XI Митот - форма на општочовечко искажување...
Актуализација на митовите...-----------------------------------------------------------------------------299

XII Поемата „Ракување” - резултат на зрел опит...
Од појавен облик до симбол - задача на уметноста ...-----------------------------------------------------309

XIII „Крчмите”, прв расказ (1944), а заборавен...
Македонскиот контекст во педесеттите години не беше пресуден...-----------------------------------------------------------------------------------------------328

XIV „Дневникот по многу години ” - допир со прозата, поезијата, есеистиката...
Фактот се очудува . . .-------------------- --------------------------------------------------------------373

XV „Нашиот јазик се кове најмногу во ковачницата на преведувањето”...
„За мене оригиналот не е сакросантен ”. . . --------------------------------------------------------------391

XVI Критиката и литературното дело . . . -----------------------------------------------------------------414

XVII Дарба за водење разговор...
Грижа за јазикот...
Што е тоа јазик? . . . ------------------------------------------------------------------------------------430