Предвесници на бурата МЕМОАРИ ТОМ I ПРВИТЕ СТАПКИ/ Predvesnici na burata: memoari tom 1

This document was uploaded by one of our users. The uploader already confirmed that they had the permission to publish it. If you are author/publisher or own the copyright of this documents, please report to us by using this DMCA report form.

Simply click on the Download Book button.

Yes, Book downloads on Ebookily are 100% Free.

Sometimes the book is free on Amazon As well, so go ahead and hit "Search on Amazon"

НЕПОКОЛЕБЛИВ БОРЕЦ ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА Во плејадата истакнати борци за ослободување на македонскиот народ од долговековната османска тиранија од крајот на минатиот и почетокот на овој век, значајно место зазема и Овој непоколеблив борец за национална слобода и социјална правда и истакнат македонски револуционерен деец е роден во село Мирковци, Скопско, во 1879 година, а починал во 1967 година. Спомените што Манџуков ги остави зад себе го зафаќаат периодот од 1895 до 1904 година. Привлечноста на страниците што ги испишува авторот, меѓу другото, се состои во тоа што тој говори, поточно ги опишува настаните што се случиле во еден од најдраматичните периоди во поновата македонска историја. Тоа, како што е познато, е период на силно нараснување на македонското национално-ослободително револуционерно движење. Причина плус за привлечноста на овие спомени е што Петар Манџуков е сведок, но и директен учесник во многу од овие судбински настани за македонскиот народ. Петар Манџуков е анархист по идејна определба и непромирлив противник на владеачкиот османлиски апсолутистички систем. Така цврсто определен, Манџуков ќе ги спрегне сите свои сили во сеопштата борба на македонскиот народ за ослободување од турското ропство. Во таа тешка и нерамноправна борба, Манџуков ќе се најде во нејзините предни редови. Инаку, уште на тригодишна возраст Манџуков по лична заложба на неговиот благороден вујко - истакнатиот борец за слобода на македонскиот народ - владиката Натаил Кучевишки, ќе ја напушти родната земја и ќе замине за Бугарија. Под закрила и сесрдна помош на вујко му, Манџуков ќе го помине своето детство и момчешките години. Со материјална помош од вујко му, Петар Манџуков ќе го заврши основното и средното образование. Поради раното вклучување во револуционерните вриежи, Манџуков за извесно време ќе го прекине школувањето. Но, тоа не трае долго. Така, во 1910 година, овој сега веќе прекален револуционер, се враќа во Бугарија со диплома на шумарски инженер, со која се здобил на Универзитетот во градот Нанси, Франција. Пред тоа, за време на стекнувањето со средно образование, Манџуков многу рано ќе ги прегрне идеите на анархизмот. Тоа подоцна ќе му 5донесе и многу неприлики во школувањето. Неговите "расколнички" анархистички идеи и поглед на свет и силно изразената слободоумност и правдољубивост, ќе бидат главните причини за честото селење од град во град (најчесто поради исклучувањата од училиштата) за да го заврши започнатото средно образование. Најпрво Манџуков една година ќе помине како кадет во Военото училиште во Софија, потоа учи во гимназијата во Пловдив, а средното образование ќе го доврши во педагошките училишта во градовите Казанл'к, Лим и Русе. Веќе во 1899 година Манџуков речиси цели четири месеци ќе помине заедно со уште двајца други истомисленици - анархисти, во четата на Делчев. Страниците посветени на комитлакот поминат во четата на Гоце Делчев спаѓаат меѓу највозбудливите сведоштва што ги содржат спомените на Манџуков. Особено впечатливи се описите на Пирин Планина, но мошне се интересни и податоците за четничкиот живот, за активностите на четата, за соработката со населението и посебно за карактерните особини и раководниот профил на водачот на првата македонска револуција во овој век, Гоце Делчев. Сепак, се чини, дека највозбудливо четиво нудат страниците од овие мемоарски записи во кои се опишуваат активностите што Манџуков и неговите другари - анархисти ги извршуваат во Цариград и во Солун. Во престолнината на турската империја Манџуков и неговите другари заминуваат со цел да го убијат султанот. Меѓутоа, откако во тоа не успеваат, тие решават да ја кренат во воздух централата на Отоманската банка во Цариград. За таа цел тие ископуваат тунел до темелите на Банката, во што се приклучуваат и нивните солунски другари - идни атентатори. За жал, оваа акција е спречена пред нејзиното финале, а актерите уапсени, кои по кратка постапка се осудени на смрт, но по интервенција лично на министерот во тогашната бугарска влада, Љапчев, се ослободени и протерани од Турција. По пропаста на цариградската акција, Манџуков заедно со "солунчаните" сите сили ги насочува во правец на обезбедување средства за да се набави динамит и други материјали и да се крене во воздух филијалата на Отоманската банка во Солун. Манџуков не учествува директно во солунските атентати, но тој има голем придонес во обезбедувањето експлозивен материјал за атентатите. Иако не од прва рака, страниците што во мемоарите им се посветени на солунските атентати се ретко интересна, потресна и досега малку позната кај нас историско-документарна граѓа. Во вид на возбудлив и крајно динамичен трилер течат и описите на натамошните настани во кои Манџуков учествува, или, пак, е нивни непосреден сведок. Тој не учествува во востанието, зашто за сето време додека тоа се подготвува е еден од неговите најогорчени противници. 6Меѓутоа, кога тоа е веќе кренато, тој се обидува со атентат на пругата кај градот Кулели Бургас да го спречи префрлувањето на турската војска во разбунтуваните краишта на Македонија. За жал, неговиот атентат само делумно успева. Мемоарите на Петар Манџуков зафаќаат простор од околу илјада страници машинопис (новинарски проред). Замислата на издавачот и на приредувачот е впечатливите и според многу наши интересни, а неретко и ексклузивни спомени на Манџуков да бидат напечатени во три тома. Во првиот дел од спомените на Манџуков се зафатени средношколските години на авторот, неговиот неколкумесечен "излет" во Швајцарија, каде што заминува да студира хемија, активностите во анархистичкиот кружок што бугарските студенти го организираат во Женева, враќањето назад во Бугарија, заминувањето да учителствува во родната Македонија, поточно во Скопје, несреќното апсење, неколкумесечниот затворски живот во тогашниот злогласен скопски затвор Куршумли ан, ослободувањето од тешката пресуда (доживотна робија), протерувањето назад во Бугарија и почетниот период од запознавањето и дружењето со Гоце Делчев, па сѐ до решението да замине во чета со Делчев низ Македонија. Мемоарите на Петар Манџуков, кои што самиот ги озаглавил со зборовите "Предвесници на бурата", се мошне интересни и лесно читливи. Тие на читателот му се наметнуваат првенствено со одмереното и спокојното раскажување на авторот, изобилството од вешто отсликани обични, но и значајни историски личности, вештината во нијансираното сликање на општествените состојби во тогашната тукуречи распадната турска империја и особено неповторливиот и непогрешлив опис на Скопје и неговата околина од крајот на минатиот век. Од објавувањето на спомените на Манџуков ќе имаат повеќестранна полза н духовно задоволство како читателите, така и проучувачите на нашето поблиско минато. Ванчо МЕАНЏИСКИ

Author(s): Петар Манџуков / Petar Mandžukov
Publisher: Менора
Year: 1997

Language: Macedonian
Pages: 164
City: Скопје
Tags: анархизам; Македонија